Панатинаикос поднесува жалба: Италијанските навивачи ги нарекувале грчките играчи „животни“, обезбедувањето не реагирало

Кошаркарскиот тим на Панатинаикос беше поразен со 84:79 на гостувањето кај Виртус во Болоња, во 12-то коло од Евролигата, но натпреварот беше обележан и со инцидент зад клупата на Атина.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот тим на Панатинаикос беше поразен со 84:79 на гостувањето кај Виртус во Болоња, во 12-то коло од Евролигата, но натпреварот беше обележан и со инцидент зад клупата на Атина.

Според грчкиот „Газета“, група навивачи на Виртус, кои се наоѓале директно зад клупата на Панатинаикос, ги навредиле кошаркарите на атинскиот клуб за време на натпреварот, нарекувајќи ги „животни“.

Претставниците на Панатинаикос се пожалија на навредливото однесување на домашните навивачи, но одговорот на обезбедувањето, според нив, бил целосно несоодветен.

Според грчкиот клуб, некои обезбедувачи реагирале со смеа и глупав изговор дека спорните седишта биле резервирани за навивачи кои платиле дури 6.000 евра за сезонски билети и дека затоа не било можно да се преместат.

Патанатинаис ќе поднесе официјална жалба до Евролигата поради однесувањето на навивачите на Виртус и реакцијата на обезбедувањето на арената во Болоња.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сабаленка: Целата 2026 година беше битка со моето тело

Ако на крајот мора да го изберете разочарувањето на...

Реал Мадрид сонува за Олисе, но Баерн нема намера да го пушти

Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, разговарал за Мајкл Олисе...

Скалони веќе го избра наследникот на Меси, Паз е се поблиску до бројот 10

Нико Паз е се поблиску до преземање на бројот...

Дијало влегува во трка против Инфантино, најави различно управување со ФИФА

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, кандидат за...