Артета по поразот од Бетис: Играчите се многу вознемирени, поминаа низ тежок момент

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека неговите играчи се лути по поразот од 3-1 од Реал Бетис во пријателскиот натпревар одигран во Даблин во средата. И покрај негативниот резултат, шпанскиот стручњак беше задоволен од реакцијата на својот тим за време на предсезонските тренинзи

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека неговите играчи се лути по поразот од 3-1 од Реал Бетис во пријателскиот натпревар одигран во Даблин во средата. И покрај негативниот резултат, шпанскиот стручњак беше задоволен од реакцијата на својот тим за време на предсезонските тренинзи.

Шпанскиот тим ја искористи серијата дефанзивни грешки на „топџиите“ и постигна три гола во првото полувреме. Родриго Рикелме, Нелсон Деоса и Пабло Форналс беа стрелци за Бетис. Арсенал успеа да врати само еден гол преку Пјеро Инкапие кратко по 30-тата минута.

„Тие се многу вознемирени, поминаа низ тежок момент. Тие се лути, но тоа е добро. Токму тоа ни треба“, им рече Артета на новинарите.

„Очигледно има работи што треба да ги подобриме и некои позитивни работи што треба да ги извлечеме од играта. Понекогаш лошиот резултат е корисен за да се запали поголем оган во нивните срца“, додаде тој.

Арсенал беше без неколку клучни играчи, вклучувајќи ги Деклан Рајс, Букајо Сака, Еберечи Езе и Нони Мадуеке. Капитенот Мартин Одегард неодамна се врати на индивидуални тренинзи. Сепак, англиските шампиони имаа силен состав, со играчи како Виктор Ѓекереш, Каи Хаверц и новото засилување Христос Цолис, сите стартери.

Фудбалерот од средниот ред Луис Копли заработи повреда на коленото за време на натпреварот кратко откако влезе како замена. Артета изрази загриженост дека повредата на 19-годишникот може да биде сериозна.

„Доста сум загрижен за момчето, да бидам искрен, бидејќи ситуацијата не изгледа многу ветувачка, и со оглед на симптомите што веќе ги покажува“, рече Шпанецот. „Ќе мора да почекаме на резултатите од утрешното (денешното) скенирање. Се надеваме дека не е ништо сериозно“, додаде менаџерот.

Арсенал ја започнува својата сезона во Премиер лигата со натпревар против повратникот Ковентри Сити на 21 август.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Луни Вокер се враќа во НБА – ќе игра со Јокиќ

Луни Вокер одлучи да се врати во НБА и...

Кари не оди во Бостон, ќе биде „воин“ до крајот на кариерата!

Американскиот кошаркар Стеф Кари нема да ги напушти Голден...

📷Оверим и Верховен блиску до уникатна трилогија во три различни борбени спортови

Легендите на борбените спортови, Алистер Оверим и Рико Верховен,...

UFC најави нов спектакл: Арман Царукјан се враќа!

Најсилната MMA промоција во светот - UFC, ќе се...