Сензација по сензација во Монтреал!

АТП Мастерсот во Монтреал продолжува да ни носи сензации!

Прегледи:

Датум:

АТП Мастерсот во Монтреал продолжува да ни носи сензации! Прво, во средата, доцна навечер по средноевропско време, Александар Зверев го заврши учеството на турнирот во Канада, а уште еден носител – Даниил Медведев – тргна по неговите стапки!

Она што е особено интересно е што холандски тенисери беа подобри од двајцата!

Зверев беше поразен со 2:1 од Талон Грикспур, во сетови 7:6, 2:6, 4:6.

Првиот сет помина без ниту еден брејк, се играше сервис за сервис до самиот крај, а на крајот Германецот успеа да стигне до првиот сет преку тај-брејк.

Сепак, Грикспур „додаде гас“ во продолжението, и со два брзи брејка успеа да израмни на 1:1, а потоа да постигне целосен пресврт и победа!

Јутјуб/Принтскрин/Тенис ТВ

Слична судбина го снајде и Даниил Медведев, кој не успеа да земе сет од Ботико Ван де Зандшулп, губејќи со 2:0!

Иако успеа двапати да направи брејк на сервисот на својот ривал во првиот сет, Медведев четири пати загуби на свој, а Холанѓанецот поведе со 6:3.

Вториот сет беше малку понеизвесен, со по два брејка на двете страни, а на крајот Ван де Зандшулп славеше по тај-брејкот, и така дојде до триумф!

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Мислам дека се снајдов добро“, изјави Норис по освојувањето на пол-позицијата за ГН на Бразил

Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, изјави...

Манчестер Јунајтед во зоната за испаѓање по 40 години!

Манчестер Јунајтед ја доживува една од најтешките сезони во...

Реал Мадрид ја покори „Местаља“ и се изедначи на врвот на табелата со Барселона

Фудбалерите на Реал Мадрид ја постигнаа својата осма последователна...

Расел: Направивме грешка во нашата проценка, можев да бидам прв

Џорџ Расел заврши втор во квалификациите за Големата награда...