Елмас погоди против Интер

Елиф Елмас повторно се запиша во листата на стрелците во италијанската Серија А, а неговиот гол вечерва против Интер му даде надеж на Аталанта во дербито на 12. коло

Прегледи:

Датум:

Елиф Елмас повторно се запиша во листата на стрелците во италијанската Серија А, а неговиот гол вечерва против Интер му даде надеж на Аталанта во дербито на 12. коло.

Интер имаше предност од 2-0 во Бергамо, благодарение на двата гола на Франческо Пио Еспозито во 16. и 32. минута, но Аталанта успеа да се врати во натпреварот пред паузата.

Елмас намали на 1-2 во 35. минута, по една акција во која Никола Залевски испрати топка во опасната зона. Македонскиот репрезентативец првично не успеа најдобро да ја исконтролира, но во продолжението на акцијата се снајде, упати силен удар и го совлада голманот на Интер, Хозе Мартинез.

Голот на Елмас ја врати неизвесноста во дуелот на „Њу Баланс арената“, во кој Интер претходно успеа да направи сериозна предност.

За македонскиот фудбалер ова е уште еден значаен момент во сезоната во дресот на Аталанта, која се обидува да ја прекине негативната серија во меѓусебните дуели со Интер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Охрид ја продолжува европската одбрана на круната, „гладијаторите“ се меѓу најдобрите 16!

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена...

Алкалоид убедлив против Горење во ЕХФ Еврoкупот

Алкалоид ја искористи домашната предност и со убедливо издание...

Челси не се откажува од Алонсо, и покрај дебаклот со Лидс

Раководството на Челси нема намера да го отпушти Чаби...

Вирц направи нешто што Премиер лигата не го видела 11 години

Ливерпул го уништи Манчестер Јунајтед со 4-0 на Енфилд,...