Охрид ја продолжува европската одбрана на круната, „гладијаторите“ се меѓу најдобрите 16!

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена и ќе ја продолжи одбраната на трофејот во ЕХФ Еврокупот

Прегледи:

Датум:

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена и ќе ја продолжи одбраната на трофејот во ЕХФ Еврокупот. Македонскиот претставник ја заврши работата против литванскиот Драгунас Клаипеда, откако и во реваншот во „Билјанини извори“ славеше со 32-25 и со вкупни 62-44 обезбеди место во осминафиналето.

По убедливите 30-19 на првиот натпревар, охриѓани и во вториот дуел ја потврдија разликата во квалитет, иако гостите во одредени моменти се обидоа да ја направат средбата поинтересна. На полувремето домашниот тим имаше предност од 15-11, а во продолжението Драгунас успеа да се приближи и да внесе кратка неизвесност.

При 18-17, Охрид одговори со серија од пет последователни гола, со која повторно се оддалечи и практично го реши прашањето за победникот. Во завршницата предноста на македонскиот тим достигна и девет гола, пред литванскиот состав да го намали поразот до конечните 32-25.

Дарко Ѓукиќ беше најдобар стрелец на Охрид со седум погодоци, без промашување од седум обиди. Анте Иванковиќ, Николаос Лјапис и Никола Зечевиќ постигнаа по четири гола, додека Тилен Стрмљан, Томислав Јагуриновски и Ален Ќосевски завршија со по три. Значаен придонес имаше и голманот Бојан Блажевски, кој забележа 15 интервенции.

Охрид, кој минатата сезона го освои трофејот во ова натпреварување, сега успешно ја мина и третата рунда и останува во трката за нов европски успех. „Гладијаторите“ повторно се меѓу 16-те најдобри екипи во ЕХФ Еврокупот, а следниот противник ќе го дознаат по ждрепката за осминафиналето.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Елмас погоди против Интер

Елиф Елмас повторно се запиша во листата на стрелците...

Алкалоид убедлив против Горење во ЕХФ Еврoкупот

Алкалоид ја искористи домашната предност и со убедливо издание...

Челси не се откажува од Алонсо, и покрај дебаклот со Лидс

Раководството на Челси нема намера да го отпушти Чаби...

Вирц направи нешто што Премиер лигата не го видела 11 години

Ливерпул го уништи Манчестер Јунајтед со 4-0 на Енфилд,...