Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор откако депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра.
Со одлука на надлежниот суд, укинат му е притворот и определена е гаранција со мерки на претпазливост. Одлуките се донесени по позитивно мислење дадено од обвинителство.
Истотака, укинат е притворот и заменет со гаранција и мерки и за Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски.
На сите им е одземена патната исправа и имаат задача да се јавуваат во Судот.
Во домашен притвор пак е екс претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, кој обезбеди гаранција од 1.000.000 евра.


