Ѕвездата на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.
Двојката сподели фотографија на социјалните мрежи на која ги покажуваат рацете со венчални прстени, придружени со иницијалите на нивните имиња: „K❤️D“.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус има пет деца. Неговиот најстар син, Кристијано Џуниор, е роден во 2010 година од непозната мајка. Во јуни 2017 година, Португалецот стана татко на близнаците Ева и Матео од сурогат мајка. Од врската со Џорџина, фудбалерот има две ќерки – Алана Мартина и Бела Есмералда.
Пред некое време се појави информација дека свадбата на 41-годишниот фудбалер и 32-годишната шпанско-аргентинска манекенка требало да се одржи минатиот викенд на островот Мадеира, но овие гласини се покажаа како лажни.


