РФМ со поддршка на 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026“

Денес во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа прес-конференција по повод претстојното 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“, кој ќе се одржи од 12 до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.

Прегледи:

Датум:

На прес-конференцијата, меѓу присутните беше и генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, со што уште еднаш беше потврдена поддршката на Федерацијата кон овој традиционален ракометен настан.

Ракометната федерација на Македонија континуирано дава максимална поддршка на ракометните клубови, како и на сите проекти и спортски манифестации кои придонесуваат за развојот, афирмацијата и промоцијата на македонскиот ракомет.

„На организаторите и на сите екипи учеснички им посакуваме успешно 54. издание и уште една успешна ракометна приказна во Струга“, стои во соопштението на РФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...

Почна трката за најкорисен играч во НБА – без изненадувања во Топ 3!

НБА го објави првиот дел од трката за најкорисен...