Синер нема да учествува на Мастерсот во Синсинати

Италијанскиот тенисер не играл на ниту еден турнир откако успешно ја одбрани титулата на Вимблдон

Прегледи:

Датум:

Светскиот број еден, Јаник Синер, нема да учествува на претстојниот Мастерс во Синсинати поради повреда на десното колено. Италијанскиот тенисер не играл на ниту еден турнир откако успешно ја одбрани титулата на Вимблдон.

„Приморан сум да се повлечам по консултацијата со моите лекари и мојот тим. Ме мачи десното колено и покрај напорната работа со медицинскиот персонал, морам да признаам дека сè уште не сум подготвен да се натпреварувам“, изјавил Синер, цитиран од организаторите на турнирот.

„Многу ми е жал што нема да можам да играм во Синсинати. Едвај чекам да се вратам следната година. Сега сум фокусиран на моите подготовки за Отвореното првенство на САД“, додаде тој.

Мастерсот во Синсинати започнува на 13 август. Минатата година, актуелниот лидер на светската ранг-листа стигна до финалето на натпреварувањето.

Порано, од натпреварувањето се повлече и актуелниот шампион Карлос Алкараз.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алонсо остана лојален на Астон Мартин: Не се откажува од Формула 1 и на 45 години

Фернандо Алонсо нема намера да застане по 2026 година,...

Медведев го освои турнирот во Хангжу

Данил Медведев ја освои титулата на турнирот во Хангжу,...

Алборг пронајде наследник на Јури Кнор

Алборг брзо пронајде наследник на Јури Кнор, кој ќе...