Кејн за „Златната топка“: Не сакам да зборувам за себе, моите 73 гола нека зборуваат

Напаѓачот на Баерн и Англија, Хари Кејн ја освои тројната круна со Баварците во Германија минатата сезона, освои бронзен медал на Светското првенство и постигна 73 гола во 65 натпревари за клубот и репрезентацијата

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Баерн и Англија, Хари Кејн ја освои тројната круна со Баварците во Германија минатата сезона, освои бронзен медал на Светското првенство и постигна 73 гола во 65 натпревари за клубот и репрезентацијата.

Само Лионел Меси беше поефикасен во сезоната 2011/2012 кога постигна неверојатни 82 гола во 69 натпревари.

Но сепак, Кејн, како и секогаш, е скромен кога зборува за можното освојување на „Златната топка“.

„Комплицирано е. Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Се што можам да кажам е дека минатата сезона беше неверојатна, и за мене лично и за целиот тим. Убедливо најдобрата сезона во мојот живот. И тие 73 гола, вториот најдобар настап во историјата на фудбалот, зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд и можам само да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите други што ми помогнаа да го направам тоа. Но, освојувањето на „Златната топка“ не е во мои раце. Зависи од луѓето што гласаат. Што се однесува до мене, минатата сезона е веќе минато. Сега сум фокусиран на новата сезона и едвај чекам да видам колку можам да направам“, рече Кејн во интервју за „Марка“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еклстоун: Антонели ќе биде новиот Верстапен

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун по светската...

Легенда на Манчестер Јунајтед бара Мартинез да биде избркан

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ники...

Кајт: Имаме добар план за натпреварот со Ливерпул, тоа ќе биде посебен момент за мене

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дирк Кајт, беше назначен за...

Баркола: Јас не сум Мохамед Салах, дојдов во Ливерпул за да напишам своја приказна

Трансферите за големи пари честопати бараат време за да...