Магичната Барселона со најдобар почеток на сезоната во историјата на клубот

Барселона го имаше својот најдобар почеток на сезоната под водство на Ханси Флик. Германскиот тренер постави нов рекорд со седум последователни победи, шест во Ла Лига и една во Лигата на шампионите. Претходниот најдобар резултат беше серија од шест победи

Прегледи:

Датум:

Барселона го имаше својот најдобар почеток на сезоната под водство на Ханси Флик. Германскиот тренер постави нов рекорд со седум последователни победи, шест во Ла Лига и една во Лигата на шампионите. Претходниот најдобар резултат беше серија од шест победи.

Серијата од седум победи на Флик го надмина претходниот рекорд на клубот, кој беше поставен три пати. Првиот пат шест победи на почетокот на сезоната го постигна тимот на Џејмс Белами (1929/30), потоа тимот на Љубиша Броќиќ (1960/61) и неодамна тимот на Ернесто Валверде во сезоната 2018/19.

Серијата победи ѝ го обезбеди на Барселона водството во Ла Лига, каде што има три бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид. Во Лигата на шампионите, тимот го дели првото место со ПСЖ и Баерн. Успехот е придружен со исклучителна ефикасност. Во седумте одиграни натпревари беа постигнати 33 гола, од кои 28 во првенството и пет во Европа, што e просек од 4,7 гола по натпревар.

Од седум официјални натпревари, Барселона постигна два гола само во еден, против Атлетико. Во другите натпревари, таа беше значително поефикасна: постигна четири гола против Леванте, по пет против Елче, Рајо Ваљекано, Валенсија и Феенорд, и седум против Расинг.

По шест кола, Барселона е единствениот непоразен тим во Ла Лига.

На почетокот на сезоната, Барселона се издвојува како најофанзивен тим во првенството. Главните улоги во нападот ги играат Рафиња, кој се етаблираше како лидер во сите сегменти од играта, и Ламин Јамал, кој е клучен во организацијата на нападот. Заедно постигнаа 16 гола на почетокот на сезоната (Рафиња девет гола со три асистенции, Јамал седум гола со две асистенции).

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еклстоун: Антонели ќе биде новиот Верстапен

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун по светската...

Легенда на Манчестер Јунајтед бара Мартинез да биде избркан

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ники...

Кајт: Имаме добар план за натпреварот со Ливерпул, тоа ќе биде посебен момент за мене

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дирк Кајт, беше назначен за...

Баркола: Јас не сум Мохамед Салах, дојдов во Ливерпул за да напишам своја приказна

Трансферите за големи пари честопати бараат време за да...