Реал Мадрид ТВ за фудбалерите на Атлетико: Уште оружје да им дозволат да носат

Бурата по мадридското дерби не се смирува. Атлетико забележа победа, додека Реал Мадрид се жали на судењето, а клупската телевизија отиде чекор понатаму

Прегледи:

Датум:

Бурата по мадридското дерби не се смирува. Атлетико забележа победа, додека Реал Мадрид се жали на судењето, а клупската телевизија отиде чекор понатаму.

Тренерот на Мадрид, Жозе Мурињо, имаше настап, според свои стандарди, на прес-конференцијата. Но, теливизијата на Реал Мадрид отиде чекор понатаму, а не го поштеди и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Нема стандардна анализа на денешниот натпревар. По она што го видовме, нема смисла да се води каква било фудбалска дискусија. Сè што се случи нè тера да повраќаме. Не им е гајле што секаде по Ла Лига се истураат гом*ата на нејзиниот шеф Хавиер Тебас. За Реал важат различни стандарди. Не ни дозволуваат да се натпреваруваме. Тоа е планот на Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација. Сè што недостасува е Ла Лига да им дозволи на противниците на Реал да носат оружје – се вели во извештајот на Реал Мадрид ТВ.

Во изминатите година и пол, имаше чести повици од најуспешниот шпански клуб за судењето и третманот што клубот го добива од Ла Лига и Хавиер Тебас.

Се чини дека ваквите изјави ќе продолжат во текот на остатокот од сезоната.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Мислам дека се снајдов добро“, изјави Норис по освојувањето на пол-позицијата за ГН на Бразил

Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, изјави...

Манчестер Јунајтед во зоната за испаѓање по 40 години!

Манчестер Јунајтед ја доживува една од најтешките сезони во...

Реал Мадрид ја покори „Местаља“ и се изедначи на врвот на табелата со Барселона

Фудбалерите на Реал Мадрид ја постигнаа својата осма последователна...

Расел: Направивме грешка во нашата проценка, можев да бидам прв

Џорџ Расел заврши втор во квалификациите за Големата награда...