Ристовски ќе игра за Нови Пазар?

Веќе имаше информации дека Ристовски наскоро ќе го раскине договорот со Сараево, по што ќе биде слободен да бара клуб за да ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови.

Прегледи:

Датум:

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, го напушта Сараево по само една година. Според порталот „Три К“, македонскиот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во српскиот прволигаш Нови Пазар. Истите извори наведуваат дека Адем Љајиќ преговара за меѓусебно спогодбен раскин на договорот со Сараево со цел да се врати во својот матичен клуб, а Ристовски ќе му се придружи. Иако засега нема официјална потврда, медиумите блиски до Нови Пазар известуваат дека преговорите се во завршна фаза.

Веќе имаше информации дека Ристовски наскоро ќе го раскине договорот со Сараево, по што ќе биде слободен да бара клуб за да ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови.

Ристовски ја изгради својата кариера во Динамо Загреб, а претходно настапуваше за Вардар, Парма, од каде што беше на бројни позајмици во италијански клубови како Кротоне, Латина, Фрозиноне и Бари. Настапуваше и за Ријека, со која ја освои историската шампионска титула и Купот во 2017 година, како и во Спортинг, каде што беше двократен освојувач на португалскиот Лига Куп и освојувач на Купот во 2019 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еспањол го отпушти тренерот по елиминацијата во Купот

Елиминацијата од членот на четвртата дивизија на почетокот од...

Пол Пирс заработил 200 милиони долари за време на НБА кариерата, а сега тврди дека финансиски тоне

Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Пол Пирс, кој наводно...

Ауди објави клучно назначување на крајот од својата дебитантска сезона во Формула 1

Ауди Формула Рејсинг го објави назначувањето на Томас Фир...

МотоГП: Возачите бараат план за евакуација за да патуваат во Катар

Возачите на МотоГП одржаа нов состанок за да разговараат...