Родри им се потсмеваше на играчите на Валенсија, па јавно се извини

Капитенот на Барселона призна дека згрешил и упати извинување до клубот од „Местаља“

Прегледи:

Датум:

Коментарот забележан на клупата за време на натпреварот Валенсија – Барселона (0:5) во неделата предизвика бројни реакции во шпанциот фудбал. Во 62. минута од средбата, тренерот на гостите Ханси Флик го извади од игра Родри, а капитенот на шпанската репрезентација беше испратен со аплауз од публиката на „Местаља“.

Меѓутоа, камерите подоцна го забележаа неговиот разговор со соиграчите кој доведе до контроверзија. Камерите на емисијата „Ден потоа“ (Día Después) го снимија разговорот на Родри со Пау Кубарси и Ерик Гарсија на клупата. Играчот од средниот ред на Барселона тогаш, зборувајќи за фудбалерите на Валенсија, рече: „Многу се слаби овие. Многу се лоши. Ужасни се“.

Овие зборови не беа добро прифатени во соблекувалната на Валенсија. Поради тоа, Родри веднаш стапи во контакт со капитенот на клубот, Хосе Луис Гаја, и му упати извинување. Призна дека згрешил и објасни дека намерата не му била да навреди кого било. По победата на Барселона против Феенорд (5:1) во Лигата на шампионите, Родри самоиницијативно застана пред новинарите и уште пред да почнат прашањата даде изјава за да ја разјасни ситуацијата.

„Пред да започнеме, сакам да им се извинам на сите што ги навредив – на навивачите на Валенсија, на симпатизерите, на играчите и на сите што можеа да бидат повредени од моите зборови. Веќе разговарав со мојот пријател и соиграч Хосе Гаја и му се извинив нему и на целиот тим.

Сакам да нагласам дека тоа беше само израз на изненаденост, што секој може да го види на снимката. Во ниту еден момент немав намера да се потсмевам или да се ситам на лошиот период на некој клуб, напротив. Сите ние, а јас особено, сакаме Валенсија да се врати таму каде што припаѓа, во самиот врв на нашата лига, бидејќи тоа е еден од најголемите клубови во натпреварувањето.

Тоа е сè што сакав да кажам. Сепак, мора да додадам дека се работеше за приватен разговор и мислам дека сите можеме нешто да научиме од ова. Работите понекогаш се извлекуваат од контекст, но повторувам, немав намера да покажам непочит и уште еднаш му се извинувам на фудбалскиот клуб Валенсија. Тоа е тоа, а сега прашајте сè што ве интересира за натпреварот.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА шампион бесплатно фотографира на УС Опен

Кошаркарот на Њујорк никс, Лендри Шамет, си најде занимација...

🎬 Барса вложи над милијарда евра, а новинарите се поплавија на „Камп Ноу“

На социјалните мрежи се појави бизарно видео по убедливата...

Трамп сака да се меша и во НБА лигата: „Можеби ќе го вратам Дончиќ во Далас“

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе се вмеша во спортските...

Откриено зошто Ѓоковиќ изгледа исцрпено: „Мачнината е видлив знак дека телото е блиску до границата“

Д-р Роби Сика, медицински директор на Здружението на професионални...