НБА шампион бесплатно фотографира на УС Опен

Бекот на Њујорк Никс повторно фотографира на гренд слем турнирот, без финансиски надомест

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Њујорк никс, Лендри Шамет, си најде занимација за време на летната пауза – наместо топката во рацете, деновиве носи фотоапарат.

Како што пренесува „Њујорк пост“, Шамет во вторникот бил виден меѓу акредитираните фотографи на Ју-ес опен, каде што фотографирал еден од четвртфиналните натпревари.

Американскиот бек, кој оваа година со Никс ја освои НБА титулата, со фотографија почнал да се занимава пред пет години и со текот на времето тоа хоби прераснало во сериозна страст.

Ова не му е првпат своите фотографски вештини да ги покаже на големите тениски турнири. Шамет за време на претходните два турнира Ју-ес опен соработувал со Тениската асоцијација на САД, и тоа без финансиски надомест.

Шамет минатата сезона имаше важна улога во шампионската екипа на Њујорк никс, иако учинокот за време на плејофот му беше послаб отколку во регуларниот дел од сезоната.

Во регуларниот дел од натпреварувањето просечно бележеше 9,3 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции за 22 минути по натпревар.

Во плејофот неговата минутажа падна на нешто помалку од 16 минути, додека просекот на поени се намали на шест.

Сепак, кога шутот беше најважен, Шамет беше исклучително прецизен. Процентот на успешност за три поени го зголеми од 39,2 проценти во регуларната сезона на дури 47,5 проценти во плејофот.

Никс во финалната серија на НБА лигата ги совладаа Сан Антонио спарс со 4:1 и така заокружија историска сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬 Барса вложи над милијарда евра, а новинарите се поплавија на „Камп Ноу“

На социјалните мрежи се појави бизарно видео по убедливата...

Трамп сака да се меша и во НБА лигата: „Можеби ќе го вратам Дончиќ во Далас“

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе се вмеша во спортските...

Откриено зошто Ѓоковиќ изгледа исцрпено: „Мачнината е видлив знак дека телото е блиску до границата“

Д-р Роби Сика, медицински директор на Здружението на професионални...

Џерард дозна дека ѕвезда на Атлетико има куче по име Енфилд – неговиот коментар е хит

Ливерпул го победи Атлетико Мадрид со 2:1 на „Енфилд“...