🎬 Хал во судиското продолжение стигна до победа над фаворитот Брајтон

Фудбалерите на Хал приредија мало изненадување, откако го победија Брајтон со 2-0 на домашен терен, во 11-то коло од Премиер лигата

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Хал приредија мало изненадување, откако го победија Брајтон со 2-0 на домашен терен, во 11-то коло од Премиер лигата.

Натпреварот беше решен во судиското продолжение. Оливер Мекберни постигна гол во втората и петтата минута од судиското продолжение и им донесе голем триумф на „тигрите“.

Брајтон претходно остана со десет играчи, бидејќи португалскиот играч Костиња доби втор жолт картон во 89-та минута.

Гостите имаа неколку добри шанси во првото полувреме преку Гомез и Ајари, а потоа беа казнети во самиот финиш од натпреварот…

Хал е на 11-то место со 14 бода, а Брајтон е втор со 22 бода.

Во следното коло, Хал ќе гостува кај Кристал Палас во Лондон, додека Брајтон ќе го пречека Њукасл.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Охрид ја продолжува европската одбрана на круната, „гладијаторите“ се меѓу најдобрите 16!

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена...

Елмас погоди против Интер

Елиф Елмас повторно се запиша во листата на стрелците...

Алкалоид убедлив против Горење во ЕХФ Еврoкупот

Алкалоид ја искористи домашната предност и со убедливо издание...

Челси не се откажува од Алонсо, и покрај дебаклот со Лидс

Раководството на Челси нема намера да го отпушти Чаби...