Еден од најголемите таленти на Англија, Џеј Џеј Габриел, потврди дека нема да остане во Манчестер Јунајтед. И тоа со проштално видео.
Нема сомнение дека 16-годишниот напаѓач веќе се перцепира како следната голема работа во англискиот фудбал. Но, да се направи проштално видео на 16 години без ниту еден натпревар во сениорскиот фудбал?!
🚨👋🏼 JJ Gabriel: “Goodbye and thank you, Man United”. https://t.co/5uXeBLHIcX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 17, 2026
Навикнати сме на проштални видеа, без разлика дали станува збор за крај на кариера или за преселба во друг клуб. Но, од играчи кои оставиле име и презиме и направиле сериозна кариера. И без разлика колку потенцијал има, Џеј Џеј Габриел е само на почетокот на тој процес.
Тој не откри каде ќе ја продолжи кариерата, иако има сериозни шпекулации дека тоа е Реал Мадрид. Планот на најуспешниот шпански клуб и рекордер во Лигата на шампионите е да им исплати на гигантите од „Олд Трафорд“ само задолжителна отштета од 360.000 евра.
Од друга страна, Манчестер Јунајтед веќе објави дека ќе преземе правни чекори за да се заштити и да ја добие отштетата што смета дека ја заслужува.


