🎬Баркли ги нарече Спарс „најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“

Легендата на НБА, Чарлс Баркли, ги нападна Сан Антонио Спарс откако „прокоцкаа“ предност од 29 поени во четвртиот натпревар од финалето на плејофот

Прегледи:

Датум:

Легендата на НБА, Чарлс Баркли, ги нападна Сан Антонио Спарс откако „прокоцкаа“ предност од 29 поени во четвртиот натпревар од финалето на плејофот.

Спарс го имаа тоа водство во третата четвртина од натпреварот против Никс во Њујорк, но сепак беа поразени со 107-106.

Никс сега водат со 3-1 во серијата и имаат три „меч топки“ за шампионската титула, нивна прва по 53 години.

По натпреварот, Баркли ги нарече Спарс „најглупавиот кошаркарски тим во историјата на цивилизацијата“.

Сан Антонио беше во целосна контрола во поголемиот дел од натпреварот.

Во еден момент, Спарс водеа со 71-42, а на почетокот на четвртата четвртина имаа предност од повеќе од 20 поени.

Херојот на Никс беше ОГ Ануноби, кој го искористи промашувањето на Џејлен Брансон со нешто повеќе од една секунда до крајот за да го постигне победничкиот шут.

Неговиот шут предизвика излив на ентузијазам во распродадениот Медисон Сквер Гарден и го донесе Њујорк на чекор од неговата прва титула во НБА од 1973 година.

Триумфот на Никс го надмина познатиот камбек на Бостон во 2008 година против Лејкерс, кога Селтикс надминаа негатива од 24 поени, и беше најголемиот камбек во историјата на НБА финалињата до тој натпревар.

Петтиот натпревар од финалето е закажан за недела наутро во Сан Антонио во 2:30 часот наутро.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

И Грчката федерација се откажа од Инфантино

Грчката фудбалска федерација и поранешниот директор на германската репрезентација,...

УЕФА ја менува Лигата на нации: Се укинува Лигата Д, сите дивизии се шират на 18 репрезентации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави официјалните измени во...

Де ла Фуенте останува на чело на Шпанија до 2030 година

Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Луис де ла...

Роналдо бара доживотна забрана за пристап на стадионите поради навредите кон починатиот Жота

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и тамошната Про лига...