Зверев се пласираше во полуфиналето на турнирот во Виена

Германскиот тенисер Александар Зверев лесно и убедливо го победи Британецот Артур Фери во четвртфиналето на турнирот во Виена со 6:0, 6:2

Прегледи:

Датум:

Германскиот тенисер Александар Зверев лесно и убедливо го победи Британецот Артур Фери во четвртфиналето на турнирот во Виена со 6:0, 6:2.

Натпреварот траеше само 59 минути.

Зверев доминираше во првиот сет и три пати направи брејк на сервисот на противникот.

Во остатокот од натпреварот, Зверев направи уште два брејка и лесно се пласираше меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот.

Во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Австралиецот Алекс де Минор и Италијанецот Матео Беретини.

Другиот полуфинален пар го сочинуваат Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Даниил Медведев.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Удар за Олимпијакос: Монтеро ќе биде подложен на операција на коленото

Реал Мадрид оваа недела загуби двајца играчи, можеби подолго...

Икарди сè уште нема клуб, но има гласна порака: „До оние кои мислат дека го кажав своето…“

Моментално без ангажман по периоди во тимови како Интер,...

Уште еден НБА центар пристигнува во Евролигата

Најголемиот проблем на Фенербахче наскоро би можел да биде...