Џејк Пол ги одреди датумот и локацијата за неговата следна борба. Популарниот инфлуенсер кој стана професионален боксер ќе биде главен боксер на настанот во организација на Most Valuable Promotions (MVP) во Дубаи, Обединети Арапски Емирати на 24 декември.
Враќањето на Американецот доаѓа речиси една година по неговата исцрпувачка борба против нокаут-артистот во тешка категорија Ентони Џошуа, која го остави Пол со скршена вилица и бараше повеќекратни операции.
„Со години им пркосев на шансите, преземав ризици и се соочував со противници со кои никој не очекуваше да се борам“, рече Пол во изјава.
„Ништо што се случи не ја промени мојата верба во себе или во целите кон кои се стремам. Погладен сум од кога било и на 24 декември ќе се вратам на рингот во Дубаи за да го започнам следното поглавје од моето патување. Дубаи е место кое размислува на големо, ги руши бариерите и не познава граници“, додаде тој.
„Ова е точната локација каде што сакам да се вратам. Имаме многу имиња на листата, па ќе видиме кој ќе го потпише договорот. Среќен Божиќ, Дубаи. Санта Пол доаѓа во градот и некој ќе биде нокаутиран.“, порача јутјуберот.
Коосновачот и извршен директор на MVP, Накиса Бидариан, коментираше: „Го финализираме изборот на противник достоен за враќањето на Џејк и со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе детали во наредните недели.“
Професионалниот боксерски рекорд на Џејк Пол е 12 победи и 2 порази откако Џошуа ја прекина неговата серија од шест победи.
За време на таа серија, Пол забележа победи над ветераните во боксот Мајк Тајсон и Хулио Сезар Чавез Џуниор, како и ѕвездите на мешани боречки вештини Нејт Дијаз и Мајк Пери.


