Денвер ја победи Јута со 117-106 во натпревар од предсезоната на НБА, а ѕвездата на тимот, Никола Јокиќ постигна 6 поени. Нагетси им се одмаздија на Јута за поразот во натпреварот одигран пред два дена во Болдер (109-97), а српскиот репрезентативец запиша уште четири скока и пет асистенции, за 16 минути на теренот, сите во првото полувреме.
Јокиќ беше во центарот на вниманието. Имено, центарот на Јута, Џексон Хејс, грубо го турна Јокиќ без никаква потреба, но Јокиќ не се воздржа. Јокиќ веднаш му се приближи, а потоа врати со иста мера и направи „малку посилен“ фаул, а судиите реагираа веднаш, доделувајќи им на двајцата играчи техничка фаул.
Nikola Jokić gets a technical foul for shoving Jaxon Hayes after Hayes shoved him, and also gives him the stare (with replays) https://t.co/2jRUH91jsx
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) October 7, 2026
Најефикасен од стартерите на Денвер беше Арон Гордон со 18 поени за само 15 минути, додека Камерон Џонсон додаде десет.
Младиот Дарин Петерсон, вториот избор на овогодинешниот НБА драфт, се истакна за Јута, постигнувајќи 23 поени, заедно со три скока и три асистенции за нешто помалку од 30 минути.


