Генералниот менаџер на проектот на Дукати во МотоГП, Луиџи Далиња, изјави дека нема сомнение дека Марк Маркез е најдобриот возач во историјата на светскиот шампионат.
Во неделата, Шпанецот ја освои својата осма титула во премиер класата, втора по ред со Дукати. Тој го стори тоа и покрај тоа што во еден момент од сезоната заостануваше 102 поени зад првото место, но по многу силно лето успеа да ја обезбеди титулата на една рунда до крајот на кампањата.
🏆🐐👑🍾
The KING
(On and off the track)
#PortugueseGP 🇵🇹#MarcMade #H1STORY
#ForzaDucati #DucatiLenovoTeam https://t.co/dJQyvrchIF— Ducati Corse (@ducaticorse) November 23, 2026
„Марк е сигурно најдобриот возач во историјата. Не мислам дека има сомнение за тоа“, рече Далиња.
„Не извлековме ждрепка каде што случајно го добивме Марк. Тоа беше наш избор, кој беше силно критикуван од многу луѓе. Затоа е важно да покажеме дека донесовме правилна одлука.
Марк мисли само на победа. Всушност, не му е гајле за ништо друго и секогаш е решен да победи. Што и да се случи, за него единственото нешто што е важно е да биде број 1. Тој прави разлика и во тој поглед, бидејќи начинот на кој успева да ги мотивира сите и да ги натера да дадат повеќе од себе е неверојатен.
Тој е возач кој знае како да ги признае дури и најмалите грешки. Тој е способен да каже: „Згрешив“, што не е типично за шампион од негов калибар. Мислам дека тоа е она што ја прави разликата, бидејќи ве уверувам дека на овој начин тој нè тера сите нас да дадеме сè од себе за да му ги обезбедиме потребните услови за да ја заврши својата работа“, додаде Италијанецот.


