Талески потпиша за Арау, па со седум гола го предводеше до победа!

Филип Талески не губеше време за адаптација во новата средина. Македонскиот ракометар официјално го засили швајцарскиот ХСЦ Сур Арау, а на дебито во новиот дрес веднаш имаше одлично издание, со кое го најави својот потенцијал да биде значајна фигура во тимот

Прегледи:

Датум:

Филип Талески не губеше време за адаптација во новата средина. Македонскиот ракометар официјално го засили швајцарскиот ХСЦ Сур Арау, а на дебито во новиот дрес веднаш имаше одлично издание, со кое го најави својот потенцијал да биде значајна фигура во тимот.

По разделбата со ГРК Охрид, искусниот лев бек ја продолжува кариерата во Швајцарија, каде што пристигна во клуб кој подолго време го очекуваше неговиот ангажман поради административните процедури околу работната дозвола. Откако трансферот беше финализиран, Талески веднаш доби можност да дебитира, а подобар старт тешко можеше да посака.

На домашниот дуел против Хандбал Штефа, Арау славеше со 35-26, а македонскиот ракометар беше најдобар стрелец на својот тим. Талески постигна седум гола од осум обиди, демонстрирајќи ефикасност и добар почеток во новата авантура.

Во победничкиот состав настапи и уште еден македонски ракометар, Мартин Поповски, кој придонесе со три погодоци.

Триумфот има дополнително значење за Арау, кој со него ја прекина серијата од шест последователни порази во шампионатот и стигна до четвртата лигашка победа сезонава.

Талески зад себе има богата интернационална кариера. Настапуваше за Металург, Рајн Некар Левен, Балинген, Вардар, Бенфика, МОЛ Татабања и Охрид. Со германскиот Рајн Некар Левен ја освои титулата во Бундеслигата, а во 2018 година и германскиот куп.

Новиот предизвик во Швајцарија е јасна најава дека може да биде важен дел од амбициите на Арау.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Киву: Разочарувањето е огромно

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги критикуваше своите играчи...

Зверев: Играв без моето најголемо оружје, против Алкараз мора да бидете 110 проценти подготвени

Александар Зверев откри дека сериозната болка во глуждот го...

Охрид ја продолжува европската одбрана на круната, „гладијаторите“ се меѓу најдобрите 16!

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена...