Христов: Нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија

За фудбалерите кои во младинските категории се дел од македонските селекции, а потоа одлучуваат да настапуваат за Германија, Швајцарија или други национални тимови, Христов истакна дека ФФМ нема да се откаже од ниту еден играч со потенцијал, но дека конечната одлука е лична и во голема мера зависи од родителите

Прегледи:

Датум:

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифинг со медиумите говореше за постигнатото, предизвиците, критериумите за избор на репрезентативци и очекувањата од генерациите кои во наредните години треба да бидат основа на А репрезентацијата.

За фудбалерите кои во младинските категории се дел од македонските селекции, а потоа одлучуваат да настапуваат за Германија, Швајцарија или други национални тимови, Христов истакна дека ФФМ нема да се откаже од ниту еден играч со потенцијал, но дека конечната одлука е лична и во голема мера зависи од родителите.

„Свесен сум дека станува збор за големи репрезентации. Ние нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија. Но, тие одлуки ги носат родителите, а не децата. Нашата задача е да им ги понудиме најдобрите услови, да ги следиме, да им дадеме можност и да покажеме дека Македонија има сериозен пристап кон нивниот развој“, нагласи Христов.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска му се заблагодари...

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...

Ташима вели дека ќе служи само еден мандат како претседател на ФИФА доколку победи

Козо Ташима, почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, изјави...