🎬 Македонскиот репрезентативец го тероризираше Асвел, Рајт броеше до 29!

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт одигра фантастичен натпревар во дресот на Олимпија Милано, постигнувајќи 29 поени во гостинската победа над Асвел од 95:91, во рамките на Евролигата.

Прегледи:

Датум:

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт одигра фантастичен натпревар во дресот на Олимпија Милано, постигнувајќи 29 поени во гостинската победа над Асвел од 95:91, во рамките на Евролигата.

Рајт беше убедливо најдобриот поединец на италијанскиот состав, а својот одличен настап го надополни со осум скока, две асистенции, три украдени топки и една блокада. Посебно импресивен беше неговиот шут за два поени, реализирајќи 13 од 16 обиди, додека од линијата за слободни фрлања имаше беспрекорни 3/3.

Македонскиот репрезентативец на паркетот помина нешто повеќе од 30 минути, а натпреварот го заврши со индекс на корисност од 35, што доволно говори за неговото влијание врз играта на Милано.

Олимпија имаше целосна контрола во поголемиот дел од натпреварот и по три четвртини водеше со убедливи 82:58. Сепак, Асвел не се предаде, одигра одлична последна четвртина и со серија од 33:13 се врати во натпреварот, но италијанскиот тим успеа да ја сочува предноста и да стигне до важна победа.

Покрај Рајт, кај Милано се истакна и Р.Џ. Кол со 17 поени, додека Марко Гудуриќ додаде 12.

За Рајт ова е уште една потврда дека може да биде сериозен фактор на највисоко европско ниво. По одличниот настап против Фенербахче, кога запиша 22 поени и 11 скока, центарот на Олимпија Милано продолжува со одличните партии и станува еден од најзначајните играчи во составот.

Особено радува формата на македонскиот репрезентативец во пресрет на следните обврски на националниот тим. Со вакви настапи, Рајт покажува дека Македонија може да има кошаркар од европска класа во една од најсилните клубски конкуренции на континентот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...

Ташима вели дека ќе служи само еден мандат како претседател на ФИФА доколку победи

Козо Ташима, почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, изјави...

Менаџерот на Дукати: Нема сомнение дека Марк Маркез е најдобриот во историјата

Генералниот менаџер на проектот на Дукати во МотоГП, Луиџи...

Алонсо: Астон Мартин не може да се натпреварува во Формула 1 со овој погонски склоп

Фернандо Алонсо е категоричен дека тимот на Астон Мартин...