Новата сезона во Евролигата започнува вечерва, кога ќе се одиграат седум натпревари од првото коло на ова натпреварување.
Сезоната ќе биде отворена со натпреварот помеѓу Дубаи и Реал Мадрид на „Кока-Кола арената“ во Дубаи, кој започнува во 18 часот.
Титулата европски шампион ја брани грчкиот тим Олимпијакос, кој вечерва ќе гостува кај тимот на Басконија.
Олимпијакос повторно е меѓу фаворитите за освојување на титулата оваа сезона, a обложувалниците им даваат еднакви шанси да го сторат тоа како и нивниот најлут ривал Панатинаикос.
Трет фаворит е Реал Мадрид, четврт е Фенербахче, а тимовите од Дубаи и Хапоел Тел Авив се исто така високо оценети.
Денешниот распоред на натпреварите:
18:00 Дубаи – Реал Мадрид
18:00 Хапоел Тел Авив – Баерн
20:00 Црвена звезда – Жалгирис
20:15 Панатинаикос – Париз
20:30 Барселона – Анадолу Ефес
20:30 Басконија – Олимпијакос
20:45 АСВЕЛ – Макаби Тел Авив


