Фарахан ново засилување на МЗТ Скопје

Американскиот бек Ноа Фарахан (25 години, 185 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска и официјално стави потпис на договор со клубот.

Прегледи:

Датум:

Американскиот бек Ноа Фарахан (25 години, 185 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска и официјално стави потпис на договор со клубот.
Станува збор за плејмејкер, кој зад себе веќе има една европска сезона. Истата ја почна во босански Студент, продолжи во Игокеа и Борац Бања Лука, а ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно.
Универзитетската кариера ја започна во Источна Каролина, по што настапуваше и за Вест Вирџинија, како и за Хемптон Пајратс.
Минатото лето одигра четири натпревари во дресот на Сан Антонио Спарс во Летната НБА-лига, каде што дополнително го потврди својот потенцијал.
Македонската кошаркарска јавност добро го памети неговото издание токму против МЗТ Скопје во АБА2 лигата, кога постигна 27 поени и седум асистенции.
Фарахан е второто странско засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по босанскиот центар Емир Крајиниќ.
Во сезоната што следува МЗТ Скопје ќе настапува во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Голем удар за Индијана: Тајрис Халибартон ја повреди тетивата

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, го истегна мускулот...

Ѓоковиќ го совлада Умбер по пресврт и се пласираше во осминафиналето во Базел

Новак Ѓоковиќ го совлада Уго Умбер по пресврт и...

Нема револуција: Правилото за офсајд на Венгер не помина

Испитувањето на новото правило за офсајд предложено од поранешниот...

ФИФА заработи 5 милијарди долари од продажба на билети за СП 2026

ФИФА заработи околу 5 милијарди долари од продажба на...