Крај на сагата: Јувентус конечно постигна договор со ПСЖ за напаѓач

По преговорите што траеја неколку недели, Јувентус и Пари Сен Жермен конечно постигнаа договор за враќање на напаѓачот Рандал Коло Моани во гигантот од Торино

Прегледи:

Датум:

По преговорите што траеја неколку недели, Јувентус и Пари Сен Жермен конечно постигнаа договор за враќање на напаѓачот Рандал Коло Моани во гигантот од Торино.

Според Џанлука Ди Марцио, договорот е структуриран како позајмица со задолжителна опција за откуп на играчот доколку „Старата дама“ се квалификува за европските турнири.

Вкупниот износ на договорот е 38 милиони евра и уште 12 милиони во форма на бонуси. Самиот Коло Моани ќе добие петгодишен договор со плата од 5,5 милиони евра плус 1,5 милиони во бонуси.

За 27-годишниот Французин, ова ќе биде негов втор период во Јувентус. Во пролетта 2025 година, тој играше како позајмен играч и постигна десет гола и три асистенции во 22 натпревари. Па така, минатото лето, „бјанконерите“ се обидоа да потпишат нов договор со ПСЖ, но не беше постигнат договор. Наместо тоа, Парижаните го испратија Коло Муани на позајмица во Тотенхем, каде што запиша 41 натпревар со пет гола и четири асистенции.

За европскиот клупски шампион, играчот има вкупно 54 натпревари со 11 гола и седум асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ф1 ќе добие хибридни V8 турбо мотори со до 900 КС? Поголемиот дел од моќноста би доаѓал од SUS мотор

Британската Би-Би-Си објави статија во која се наведува дека...

Голем удар за Индијана: Тајрис Халибартон ја повреди тетивата

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, го истегна мускулот...

Ѓоковиќ го совлада Умбер по пресврт и се пласираше во осминафиналето во Базел

Новак Ѓоковиќ го совлада Уго Умбер по пресврт и...

Нема револуција: Правилото за офсајд на Венгер не помина

Испитувањето на новото правило за офсајд предложено од поранешниот...