Обрадовиќ го сака Богдановиќ во Панатинаикос

Жељко Обрадовиќ од денес е официјално нов тренер на Панатинаикос, а грчки „Спорт 24“ објави нова „бомба“ дека српскиот тренер веќе разговарал со Богдан Богдановиќ за приклучување кон гигантите од Атина!

Прегледи:

Датум:

Жељко Обрадовиќ од денес е официјално нов тренер на Панатинаикос, а грчки „Спорт 24“ објави нова „бомба“ дека српскиот тренер веќе разговарал со Богдан Богдановиќ за приклучување кон гигантите од Атина!

Како што објави медиумот, Богдановиќ му рекол на Обрадовиќ дека Лос Анџелес Клиперс не сметаат на него за следната НБА сезона, но дека мора да почека до 15 јули за приказната да добие некаква официјална форма. Имено, пред неколку дена се појави вест дека Богдановиќ би можел да му се придружи на Никола Јокиќ во Денвер.

Во исто време, грчките новинари истакнуваат дека е пореално Богдановиќ да ја одложи новата соработка со Обрадовиќ, со кого ја освои Евролигата пред девет години во Фенербахче, за уште една година. Имено, поранешниот играч на Партизан планира да остане во НБА барем уште една сезона, за да може по 10 години играње да има право на доживотно здравствено осигурување за себе и за своето семејство.

Доколку овој план не се реализира, тогаш Панатинаикос е најреалниот избор за Богдановиќ, и поради Обрадовиќ и поради финансиската моќ на гигантите од Атина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...