Работнички ги претстави новиот Управен одбор и стратешките насоки на клубот

Кошаркарскиот клуб Работнички денес ги претстави новиот Управен одбор и стратешките насоки на клубот пред стартот на сезоната 26/27 во Првата македонска кошаркарска лига.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Работнички денес ги претстави новиот Управен одбор и стратешките насоки на клубот пред стартот на сезоната 26/27 во Првата македонска кошаркарска лига.

Прес-конференцијата се одржа во ресторанот „Маракана“ во реновираната сала Градски парк, во присуство на претставници на медиумите, на Општина Центар како и на поранешни играчи и легенди на клубот. КК Работнички со нова енергија во обновен дом тргнува во поход кон нови титули кои ќе му го вратат добро познатиот шампионски сјај.

Претседателот на Управниот одбор, Александар Стојкоски, ги образложи мисијата на клубот, новатa организациска структура и долгорочните цели, вклучувајќи развој на млади играчи, враќање на сјајот на клубот, патот кон нови титули.

„Пред сè, сакам на сите што го носат Работнички во срцето да им го честитам големиот јубилеј – 80 години Работнички. Осум децении исполнети со трофеи, големи играчи, тренери, легенди и генерации кои создадоа нешто многу поголемо од еден кошаркарски клуб. По завршувањето на минатата сезона, започна еден процес кој резултираше со избор на нов Управен Одбор кој пред себе од самиот почеток имаше јасно дефиниран план и концепт за иднината. Овој план предвидува комплетна реорганизација на работните процеси во клубот, нова структура како во админстративниот, спортскиот дел, така и во делот на работа со млади категории. За многу краток период успеавме да решиме голем дел од потешкотиите и сме задоволни од реализацијата на нашата програма до сега. Планот е долгорочен и секако не чека уште многу работа за да стигнеме до посакувана цел. Во нашиот табор имаме нова енергија, одличен тим од врвни професионалци кои секојдневно го даваат својот максимум. Не е целта успех за една сезона. Ни треба систем кој ќе носи успех со години. ”, изјави тој.

Извршниот директор, Бранко Радевски, се осврна на оперативното функционирање на клубот, тековните процеси и подготовките за натпреварувачката сезона, истакнувајќи дека сите долгови на клубот се подмирени, благодарејќи на партнерите и спонзорите кои се вклучија, конечно може да се очекува тимот и стручниот штаб да се фокусираат кон нови победи а навивачите да се вратат во обновениот дом во Градски Парк.

„Фокусот во овој период е на секојдневната оперативна дисциплина – од условите за тренирање, преку организацијата на натпреварите, до односот со навивачите и партнерите. Тоа се работите што го држат клубот стабилен низ целата сезона.“, порача Радевски.

Шефот на стручниот штаб, Владимир Мирковски, го претстави ростерот за новата сезона и очекувањата од настапите во Првата македонска кошаркарска лига, потврдувајќи ги засилувањата во новите и веќе докажаните имиња.

„Составивме екипа која може да работи напорно и да игра препознатлива кошарка. Подготовките течат според планот, а нашата амбиција е да бидеме конкурентни во секој натпревар од лигата.“, истакна тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Аргентина го избра наследникот на Меси

Лионел Меси се прости од играњето за репрезентацијата на...

Нов удар за Клиперси: Федералните власти ја истражуваат аферата со Ленард и Балмер

Лос Анџелес Клиперси, нивниот сопственик Стив Балмер и најголемата...

„Убиец на болиди“: Верстапен предупреди за новата патека во Формула 1

Формула 1 се враќа во Мадрид овој викенд, за...

Родри им се потсмеваше на играчите на Валенсија, па јавно се извини

Коментарот забележан на клупата за време на натпреварот Валенсија...