Стојановски по поразот од Хрватска: Повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме

Прегледи:

Датум:

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме.

„Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден.

Сепак, имавме правилен пристап и го покажавме нашето лице, пред сè во одбраната. За жал, немаме доволно длабочина на клупата за да можеме да го одржиме тоа темпо во сите 40 минути.

Ако играме со вакво темпо и со ваква одбрана против Швајцарија и Украина, сигурен сум дека имаме шанса да се бориме за победа. Сега е многу важно играчите да се одморат, а потоа да ги анализираме нашите грешки. Сигурен сум дека ќе успееме да ги поправиме.

Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата!“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...