„Баналните голови што ги примивме се ментален проблем“, рече Елмас по дуелот со Интер

Елиф Елмас беше еден од стрелците во драматичното реми на Аталанта против Интер (4-4), а по натпреварот македонскиот репрезентативец испрати порака во која го истакна карактерот на тимот, но и потребата од поголема концентрација во играта

Прегледи:

Датум:

Елиф Елмас беше еден од стрелците во драматичното реми на Аталанта против Интер (4-4), а по натпреварот македонскиот репрезентативец испрати порака во која го истакна карактерот на тимот, но и потребата од поголема концентрација во играта.

Елмас го постигна првиот гол за Аталанта во дуелот со Интер, во момент кога гостите од Милано имаа предност од 2-1. Македонецот погоди во 35. минута, по асистенцијата на Шарл Де Кетеларе, со што ја врати својата екипа во игра.

Во разговор за DAZN по натпреварот, Елмас се осврна на реакцијата на тимот и на начинот на кој Аталанта успеа да се врати во натпреварот и да стигне до реми.

„Денес покажавме повеќе карактер и тимски менталитет. Сите заедно се ставивме во игра“, изјави Елмас, оценувајќи дека тимот успеал да покаже заедништво во тешките моменти.

И покрај драматичниот финиш и освоениот бод, македонскиот фудбалер не смета дека тоа е доволно, особено поради очекувањата на навивачите.

„Мораме да направиме повеќе за оваа прекрасна публика“, порача Елмас.

Тој се осврна и на проблемите во дефанзивата, посочувајќи дека примањето лесни голови е прашање на концентрација и менталитет.

„Баналните голови што ги примивме се ментален проблем“, беше пораката на македонскиот репрезентативец, кој нагласи дека во период со натпревари на секои три дена е потребно секојдневно подобрување.

„Кога играме на секои три дена, тешко е и мораме секој ден да растеме, да го даваме максимумот“, додаде Елмас.

Аталанта по 12 одиграни кола во италијанското првенство има 15 бодови, а ремито со Интер може да биде важен момент за тимот, кој се обидува да ја стабилизира формата во сезоната во која досега имаше доста осцилации.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Флик донесе изненадувачка одлука: Јамал ​​останува во Барселона, го пропушта гостувањето во Азербејџан

Ханси Флик донесе изненадувачка одлука во врска со Ламин...

Фернандеш бесен на судиите по дебаклот на „Енфилд“

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, му се придружи...

Шмајхел за Манчестер Јунајтед: Изгледаат како тим што може да испадне од лигата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, упати остро предупредување...

🎬📊Рекорди и 296 поени: Денвер ги скроти „биковите“ во инфарктно продолжение

Денвер Нагетс ги победија Чикаго Булс со 151-145 по...