📽️ Лејкерси ја добија битката за Л.А. и без Дончиќ

Изминатата ноќ во НБА донесе неколку интересни дуели, а за одбележување е убедливата победа на Лос Анџелес Лејкерс во градското дерби „Езерџиите“ ги победија Клиперс со 103:87, откако беа подобри од својот градски ривал по втор пат за само неколку дена

Прегледи:

Датум:

Изминатата ноќ во НБА донесе неколку интересни дуели, а за одбележување е убедливата победа на Лос Анџелес Лејкерс во градското дерби „Езерџиите“ ги победија Клиперс со 103:87, откако беа подобри од својот градски ривал по втор пат за само неколку дена.

Тимот од Лос Анџелес ја постигна својата четврта победа во првите пет натпревари, и тоа без Лука Дончиќ, кој одмараше поради проблеми со грбот.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Квентин Грајмс со 23 поени, додека Колин Секстон додаде 21 од клупата. Остин Ривс го заврши натпреварот со 16 поени, а Матис Тибул со 15, со четири тројки.

Лејкерс практично го решија прашањето за победникот во втората четвртина, која ја добија со дури 31:6. Серија од 16 последователни поени им донесе водство од 56:38 на полувремето, а дури ни краткиот наплив на поени од страна на Клиперс подоцна во натпреварот не го промени текот на мечот.

Домашниот тим се приближи на седум поени негатива на почетокот на третата четвртина, но Секстон одговори со 11 последователни поени и повторно ги доведе Лејкерси до безбедна разлика.

Најдобар играч на Клиперс беше дебитантот Китон Вајгл со 21 поен. Сепак, 24 изгубени топки беа преголем проблем за тимот кој го забележа својот трет последователен пораз и сега има резултат од една победа и три порази.

Лејкерс потоа ќе играат против Голден Стејт, додека Клиперс ќе се соочат со Минесота. Двата тима ја започнуваат групната фаза од НБА Купот.

НБА резултати:

Кливленд – Вашингтон, 121:111
Атланта – Мајами, 117:129
Индијана – Филаделфија, 109:114
Детроит – Шарлот, 97:89
Торонто – Орландо, 129:99
Милвоки – Хјустон, 100:132
Чикаго – Њујорк, 127:133
Минесота – Голден Стејт, 114:119
Њу Орлеанс – Денвер, 91:104
Јута – Сан Антонио, 111:117
Далас – Оклахома, 120:96

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Аларм во Барселона: Таткото на Јамал испрати драматична порака и ги загрижи сите

Мистериозна и исклучително загрижувачка порака објавена на Инстаграм профилот...

🎥 Сериозни тензии во европскиот шампион: Барцокас и Везенков во жестока расправија, тренерот го исфрли Бугаринот

Кошаркарите на Олимпијакос постигнаа уште една победа во Евролигата,...

На Компани му е дијагностициран менингитис

По неколку дена неизвесност, конечно е разјаснета здравствената состојба...

Јунајтед без класична деветка до јануари

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Бенџамин Шешко, ќе отсуствува барем...