Чупиќ: Луд натпревар, Нант имаше повеќе среќа во некои моменти

РК Вардар 1961 остана без бодови во враќањето во ЕХФ Лигата на шампионите во Скопјe, а најзаслужен за тоа беше данскиот голман Кристофер Бонде од Нант

Прегледи:

Датум:

РК Вардар 1961 остана без бодови во враќањето во ЕХФ Лигата на шампионите во Скопјe, а најзаслужен за тоа беше данскиот голман Кристофер Бонде од Нант. Две одбрани во последните минути, обете од брилијантниот словенечки ас Јака Малус, им донесе на Французите победа на уште еден натпревар практично во последните секунди, речиси идентично, со головите на Ноам Леополд од линијата од седум метри.

Тренерот на македонскиот шампион, Иван Чупиќ го коментираше натпреварот.

„Ова беше луд натпревар, вистински ролеркостер. Секако дека сме разочарани на крајот. Можеби Нант имаше повеќе среќа во некои моменти, а секако и повеќе искуство во Лигата на шампионите. Во секој случај, тие заслужија два бода“, рече Чупиќ.

„Црвено-црните“ забележаа два тесни порази во првите две кола по враќањето во Лигата на шампионите. Покрај францускиот тим, македонскиот шампион претходно беше поразен од бундеслигашот Мелсунген.

Остануваат уште четири натпревари, следниот противник е Висла, и сепак има шанси за првите две места што водат до ТОП 12.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Гасперини: Овој пораз ќе биде поголема лекција од оној против Реал Мадрид

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека неговиот...

Карик: „Олд Трафорд“ прави магија, но тоа е само еден натпревар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, го пофали карактерот...

Фернандеш: Ни требаше оваа победа

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази надеж дека...

Емери: Да постигневме гол, работите можеа да се одвиваат поинаку

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, најде позитивни страни...