Вкупниот долг на Манчестер Јунајтед е милијарда фунти и покрај сите мерки за штедење што ги спроведе Сер Џим Ратклиф. Заедно со објавувањето на износот на долгот, Манчестер Јунајтед потврди и дека 63,5 милиони фунти биле потрошени за купување на земјиштето на кое планираат да изградат нов стадион.
Среде гневот на навивачите и лошиот почеток на сезоната, Јунајтед објави дека минатата сезона оствариле рекордни приходи од 677,6 милиони фунти и оперативен профит од 22,6 милиони фунти и покрај фактот дека не играле во ниту едно европско натпреварување.
И покрај сето ова, клубот има долг од 1 милијарда фунти. А на овој историски долг, Јунајтед додаде пари за купување на земјиштето на кое планираат да изградат нов стадион, кој ќе чини околу две милијарди фунти, според претходните најави.
Како дел од различните мерки за штедење што ги спроведе Ратклиф, околу 450 луѓе ги загубија своите работни места. Тој ја откажа божиќната забава, го откажа ручекот за вработените на денот на натпреварот…
Потоа клубот објави дека навивачите ќе можат да купат дел од теренот на „Олд Трафорд“ за 125 фунти.
По 14 години, Јунајтед целосно ја отстрани тревата од теренот пред почетокот на оваа сезона. Делови од тревата се зачувани во квадрати од 7×7 см и поставени во црни кутии, и овие делови од теренот ќе бидат ставени на продажба.


