Вејн Руни призна дека би се вратил на тренерската работа само ако добие понуда од два од неговите поранешни клуба. Тоа се Евертон и Манчестер Јунајтед.
Четириесет-годишниот поранешен голгетер, кој сега работи како стручен коментатор, последен пат беше менаџер на Плимут, од каде што беше отпуштен на крајот од 2024 година. Поранешниот капитен на Англија освои апсолутно секој можен трофеј со „Црвените ѓаволи“, но остана далеку од такви успеси во својата тренерска кариера, која ја помина низ Дерби Каунти, Ди Си Јунајтед и Бирмингем Сити.
На прашањето дали ќе се врати на тренерската работа по речиси две години отсуство, популарниот Ваза рече: „Се сомневам во тоа. Знам дека на претходните работни места имав четири тешки задачи. Единствениот начин да се вратам на слична улога е во Евертон или Манчестер Јунајтед, но тоа е многу малку веројатно. Која од нив би ја претпочитал? Која и да се случи прво.
Можно е никогаш повеќе да не тренирам. Мислам дека како фудбалер можете да почувствувате кога вашата кариера завршува и можете да се подготвите за тоа. Но, во тренерската работа, не знаете дали ќе бидете на позиција една година, две, десет или само три месеци.“


