🎬Зверев елиминиран во Хале, Фриц се пласира во финалето

Подготовките за Вимблдон, а по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, најдобриот германски тенисер Александар Зверев ги започна на турнирот во Хале, каде што денес беше сопрен во полуфиналето

Прегледи:

Датум:

Подготовките за Вимблдон, а по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, најдобриот германски тенисер Александар Зверев ги започна на турнирот во Хале, каде што денес беше сопрен во полуфиналето.

Зверев беше поразен со 2:1 во дуелот со деветтиот тенисер во светот, Американецот Тејлор Фриц, во сетови 6:7 (4:7), 6:4 и 7:5, а мечот траеше два часа и 44 минути.

Откако го доби првиот сет во тај-брејк, Зверев се заглави во самиот финиш во следните два сета, кога Фриц дојде до брејкови, кои беа одлучувачки за исходот на овој меч.

Ова е прв пораз на Зверев за еден месец, од дуелот со Италијанецот Дардери во Рим, по кој има вкупно десет победи – седум на Ролан Гарос и уште три во Хале.

Фриц сега го чека името на својот противник во финалето, кој ќе биде победникот од уште еден германско-американски дуел, Даниел Алтмаер или Франсес Тиафо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...