Арина Сабаленка претрпе еден од најтешките порази во сезоната во групната фаза на завршниот ВТА турнир против Мира Андреева со 6-4, 6-0, и ако сака да стигне до полуфиналето во Индијан Велс, мора да ја победи Елина Свитолина во третото коло. По натпреварот во кој загуби 11 гема по ред од водство од 4-1, Сабаленка беше посамокритична од кога било.
Овој пораз од Мира Андреева само ја продлабочи кризата на Сабаленка во кој е веќе долго време.
Таа ја има најлошата сезона во последните неколку години – не освоила ниту една Гренд Слем титула, а ако не успее да стигне до полуфиналето во решавачкиот натпревар против Елина Свитолина, таа е во опасност да испадне од првите 3 на ранг-листата на ВТА.
На прашањето од новинар што би си кажала себеси ако беше свој тренер, Сабаленка без двоумење одговори:
„Каков е*ан губитник! Се шегувам… Би си рекла да продолжам да се обидувам, бидејќи ако работите не тргнат добро денес, тоа не значи дека ќе тргнат и утре. Јас сум вредна работничка и знам дека можам да се извлечам од ова“.
"What a f*cking loser!" 🤣
Aryna Sabalenka, when asked what she’d say to herself if she were her coach after her loss to Andreeva. https://t.co/rm436O2yK0
— Christian’s Court (@christianscourt) November 12, 2026
Белорусинката не сакаше да бара алиби во повредата на коленото што ја мачеше во првиот натпревар од турнирот, но во свој стил, со доза на иронија, коментираше за својата физичка состојба:
„Искрено, моето колено е подобро од првиот ден, па можеби треба повторно да се повредам за да играм подобро“.
Покрај анализата на дебаклот со Андреева, Сабаленка потврди и важни вести од нејзиниот тренерски штаб – соработката со еден од нејзините тренери, легендарниот Макс Мирњи, заврши, додека ангажирањето на ново име засега останува отворено.
„Да, престанавме да работиме заедно, но Макс е личноста која е секогаш тука за мене, постојано сме во контакт и ми дава совети, па можам да го повикам во секое време. Официјално ја прекинавме нашата соработка, но можеби за година или две повторно ќе работиме заедно. Засега ќе има некои промени во мојот тим, се надевам на подобра иднина. Којзнае, дали ќе додадам уште еден нов тренер, ќе видиме“, додаде Сабаленка.
Последниот натпревар во групната фаза на Завршниот Мастерс во Индијан Велс, Сабаленка го игра во петок против Свитолина и мора да го добие тој дуел ако сака да се пласира во полуфиналето на ова натпреварување.


