Рељиќ меѓу најдобрите 10 на светската таеквондо ранг листа

Нашата најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ се рангираше меѓу првите 10 на светската таеквондо ранг листа во категорија -62кг, додека на Олимписката ранкинг листа -57кг направи скок од 17 позиции и е на високата 22 позиција. Во Олимписка ранг листа се спојуваат две категории во една и затоа рангирањето е посебно

Прегледи:

Датум:

Нашата најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ се рангираше меѓу првите 10 на светската таеквондо ранг листа во категорија -62кг, додека на Олимписката ранкинг листа -57кг направи скок од 17 позиции и е на високата 22 позиција. Во Олимписка ранг листа се спојуваат две категории во една и затоа рангирањето е посебно.

Со освоениот бронзен медал на отвореното женско светско првенство Г-4 во август во Таијуан, Кина, Рељиќ освои значајни поени за септемвриското рангирање. Ова беа клучни поени за патот кон освојување А норма за Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028.

„Изразуваме огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски кои преку Македонска Таеквондо Федерација, целосно ги покри сите финансискиттрошоци за овој многу важен турнир. Со овој резултат Мила ита кон ЛА2028 и само, не дај Боже повреда или некоја техничка грешка, може да ја тргне од патот за Олимписките игри во Лос Анџелес. Мила е единствената Македонка во првите 10 на светска ранг листа во олимписки спорт“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој најавува дека Мила овој месец има три натпревари во Ниш, Хамбург и Варшава каде ќе се обиде да освои нови медали и преостанатите 16 поени од максималниот дозволен број

поени кои може да се рангираат за олимписката ранг листа. Златен медал носи 10 поени, сребрен 6 поени а бронзен 3,60.

„Со ова се надеваме дека ќе може да бидеме во први 16 на Олимписката ранг листа и да земеме учество за Финал Гранд При Г-10, што ќе се одржи кон крај на ноември во Казахстан“, вели Ефтимов.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Американците купуваат 42 проценти од Валенсија, клубот проценет на 1,25 милијарди евра

Шпанскиот фудбалски гигант Валенсија постигна договор со американската инвестициска...

Арсенал го искористи подарокот на Вила и го стигна Сити на врвот во Премиер лигата

Енцо Мареска стана првиот менаџер во историјата на Премиер...

Без победник на дербито во Гостивар, три гола поништени од ВАР

Дерби натпреварот во Гостивар помеѓу ФК Шкендија и Вардар...

ТФТ ја оправдаа фаворитската улога против ГКК Штип

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го...