🎥Сабаленка повторно изгуби со 6:0 во решавачкиот сет

Светскaтa тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Берлин, откако беше поразена во полуфиналето од третата носителка, Американката Џесика Пегула.

Прегледи:

Датум:

Светскaтa тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Берлин, откако беше поразена во полуфиналето од третата носителка, Американката Џесика Пегула.

Нивниот дуел траеше два часа и 16 минути, а Пегула триумфираше со резултат 6:4, 6:7 (4:7), 6:0.

Она што веднаш ѝ паѓа в очи е третиот сет во кој Сабаленка не освои ниту еден гем, а ако земеме предвид дека тоа ѝ се случи и на 3 јуни на Ролан Гарос, кога беше поразена од Дајана Шнајдер (6:3, 5:7, 0:6) во истиот меч, тогаш може да се постави прашањето зошто Сабаленка доживува толку големи падови во решавачки сет.

Што се однесува до Пегула, таа ќе се бори за титулата во Берлин против подобрата тенисерка од другото полуфинале – Линда Носкова или Александра Еала.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Маурисио Руфи ветува дека ќе го нокаутира Арман Царукјан

Маурисио Руфи е уверен дека може да ја извојува...

Закажан реваншот помеѓу Дубоа и Вордли за титулата во WBO

Ревваншот помеѓу Даниел Дубоа и Фабио Вордли сега е...

Хрговиќ: Итаума не е најтешкиот противник во мојата кариера

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ не мисли дека неговата претстојна...

Бањаја: Не беше лесно лето по ненадејната операција

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, откри дека имал „тешка...