🎥 „Кармата е ку*ка“: Нова расправија помеѓу Верстапен и Расел ја разбранува Формула 1

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тензијата помеѓу Џорџ Расел и Макс Верстапен е добра за Формула 1. Инцидентите за време на викендот на трката во Лас Вегас повторно го разгореа долгогодишното ривалство помеѓу двајцата возачи

Прегледи:

Датум:

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тензијата помеѓу Џорџ Расел и Макс Верстапен е добра за Формула 1. Инцидентите за време на викендот на трката во Лас Вегас повторно го разгореа долгогодишното ривалство помеѓу двајцата возачи.

Двајцата возачи имаа контакт за време на третата тренинг сесија за Големата награда на Лас Вегас, што доведе до официјално предупредување од страна на стјуардите на возачот на Ред Бул. Расел потоа го нападна Верстапен, велејќи дека нема да му дозволи да се однесува како да е над останатите.

За време на самата трка, Верстапен победи, додека Расел заврши деветти откако направи грешка обидувајќи се да го престигне колегата Кими Антонели.

Верстапен му се потсмеваше на Британецот преку тимското радио за време на трката, а потоа остро го критикуваше на прес-конференција. Холанѓанецот рече дека Расел е далеку под неговото ниво и додаде дека „кармата“ одиграла улога за неговиот слаб настап на трката во Невада.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека судирот имал позитивна страна за самиот спорт.

„Тие се познаваат многу долго време, од времето кога возеа картинг. Мислам дека веројатно беше игра на мачка и глушец. Овие провокации од двете страни се уште еден добар фактор за забава“, рече Волф.

Тензиите меѓу Верстапен и Расел траат со години, а јавноста се сеќава на нивните судири во Баку во 2023 година, како и на големиот инцидент на Големата награда на Катар во 2024 година.

Расел сметаше дека џентелменскиот договорот меѓу возачите бил прекршен во неодамнешниот инцидент на тренингот, но на крајот ја прифати одлуката на стјуардите.

И покрај судирот со својот возач, Волф го пофали настапот на Верстапен на уличната патека во Лас Вегас.

„Мислам дека Макс заслужи д апобеди. Тој не направи грешки и затоа победи. Тој секогаш имаше одговор на секој предизвик, тоа беше многу добро возење“, заклучи Волф.

Следната трка во шампионатот на Формула 1 е следниот викенд. Возачите ќе се натпреваруваат на Големата награда на Катар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Вистинско богатство“: Со колку пари си замина Алкараз од Торино?

Карлос Алкараз ја заврши сезоната на спектакуларен начин, а...

Тајсон Фјури со дијагноза „шизофренија“

На поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон...

Сабаленка раскинaла со грчкиот бизнисмен?

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се најде во центарот на...

Флик донесе изненадувачка одлука: Јамал ​​останува во Барселона, го пропушта гостувањето во Азербејџан

Ханси Флик донесе изненадувачка одлука во врска со Ламин...