Антонели: Не бев доволно добар за првото место

Лидерот во Формула 1, Андреа Кими Антонели, се квалификуваше како четврти во квалификациите за Големата награда на Унгарија и призна дека едноставно не бил доволно брз денес

Прегледи:

Датум:

Лидерот во Формула 1, Андреа Кими Антонели, се квалификуваше како четврти во квалификациите за Големата награда на Унгарија и призна дека едноставно не бил доволно брз денес.

„Во мојот последен круг ме фати ветер во кривина 9, каде што изгубив една десетинка. Потоа во последната кривина уште една десетинка и пол бидејќи не можев правилно да застанам.

Кога се појавија жолтите знамиња, веќе бев во кривината и направив сè што можев за да го вратам гасот. Дефинитивно изгубив брзина таму. Денес не размислував за првото место, можеби бев блиску до Ландо, на десетинка и пол, но не бев доволно добар за првото место.

Битката продолжува утре, нашето темпо на трка изгледа добро, па нема да се откажеме.“, порача лидерот во генералниот пласман.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...