Во ниту еден момент го немав темпото на Хамилтон, но го дадов максимумот, изјави Леклер

Шарл Леклер заврши трет во квалификациите за Големата награда на Унгарија и објасни дека во ниту еден момент не можел да се натпреварува со својот тимски колега, Луис Хамилтон

Прегледи:

Датум:

Шарл Леклер заврши трет во квалификациите за Големата награда на Унгарија и објасни дека во ниту еден момент не можел да се натпреварува со својот тимски колега, Луис Хамилтон.

„Имаше промена во насоката на ветерот во квалификациите и мислам дека не успеавме доволно добро да го „сетираме“ автомобилот.

Заостанував од утрото и да бидам искрен, направив многу грешки во квалификациите. Во вториот дел од квалификациите немав среќа со жолтите знамиња во последниот сектор и од тогаш бев во улога на тој што брка.

Но, во ниту еден момент немав темпо како Луис, па затоа денес морав да го искористам максимумот и мислам дека го направив тоа.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...