Хамилтон и Антонели казнети за стартот на унгарското Гран При

Луис Хамилтон и Андреа Кими Антонели беа казнети по квалификациите за ГН на Унгарија за прекршоци за време на сесијата и ќе стартуваат поназад од позициите на кои завршија

Прегледи:

Датум:

Луис Хамилтон и Андреа Кими Антонели беа казнети по квалификациите за ГН на Унгарија за прекршоци за време на сесијата и ќе стартуваат поназад од позициите на кои завршија.

Лидерот во шампионатот Антонели ќе биде поместен три места назад од четвртото место затоа што не ја намалил доволно брзината под жолтите знамиња. Ова се случи на последната кривина, каде што Макс Верстапен се изврте, а Италијанецот подоцна објасни дека веќе влегол во кривината кога ги видел жолтите знамиња и не можел да забави.

Антонели го подобри своето време во третиот сектор на Хунгароринг, што ги убеди стјуардите дека не ја кренал ногата од гасот.

Луис Хамилтон, пак, беше казнет за три места назад на стартот затоа што го задржа Оскар Пјастри на првата кривина за време на последниот дел од квалификациите.

Значи, утре, светскиот шампион Ландо Норис и Шарл Леклер ќе стартуваат од првиот ред, додека Пјастре и Макс Верстапен ќе стартуваат од вториот ред.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...