Италијанецот ита кон титулата – Антонели ја прослави осмата победа во Мадрид

Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, го освои своето осмо Гран при во Формула 1, откако беше најбрз на трката во Мадрид

Прегледи:

Датум:

Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, го освои своето осмо Гран при во Формула 1, откако беше најбрз на трката во Мадрид.

Сега се чини дека само чудо може да го спречи Италијанецот да стане шампион. Антонели има 292 поени, што е за 81 повеќе од Џорџ Расел, неговиот тимски колега и второпласиран во генералниот ранг.

Кими триумфираше денес пред Макс Верстапен и Ландо Норис, додека Шарл Леклер од Ферари заврши четврти.

Клучниот момент на трката се случи кога беше активирано виртуелното безбедносно возило поради проблемите на Строл.

Дотогаш, Норис водеше, но потоа возачот на Мекларен изгуби време кога влезе во боксот и падна во пласманот.

Потоа Леклер го освои првото место, но мораше повторно да менува гуми, осум круга до крајот.

Антонели во тој момент го презеде водството и не дозволи изненадување. Тој мирно ја донесе трката до крајот и забележа уште една победа вредна за злато во борбата за титулата светски шампион.

Десетте најдобри ги комплетираа Расел, Гасли, Лосон, Колапинто, Пјастри и Линдблад.

До крајот на шампионатот остануваат уште девет трки, а следната станица е во Азербејџан за две недели, на 26 септември.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...