Кои пилоти ќе ги гледаме во Формула 1 во 2027 година?

Откако тимот на Хаас потврди дека Оливер Берман ќе се натпреварува за тимот во сезоната 2027 во Формула 1, сега се познати сите возачи кои ќе застанат на стартната решетка следната година

Прегледи:

Датум:

Откако тимот на Хаас потврди дека Оливер Берман ќе се натпреварува за тимот во сезоната 2027 во Формула 1, сега се познати сите возачи кои ќе застанат на стартната решетка следната година.

Првично, требаше да има само една промена, бидејќи Рафаел Камара требаше да го замени Естебан Окон во тимот на Хаас во зима. Сепак, ова веќе се случи откако Окон беше отпуштен од Хаас, а Камара го имаше своето деби на домашната Гран При во Сао Паоло и ќе вози до крајот на сезоната.

Така, во зима практично нема да има промена на стартната решетка во споредба со онаа што ќе ја заврши тековната сезона.

Сите стартни возачи во Формула 1 за сезоната 2027:

Алпин – Пјер Гасли и Франко Колапинто
Астон Мартин – Фернандо Алонсо и Ленс Строл
Ауди – Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг
Кадилак – Валтери Ботас и Серхио Перез
Мекларен – Ландо Норис и Оскар Пјастри
Мерцедес – Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел
Ред Бул – Макс Верстапен и Исак Хаџар
Рејсинг Булс – Лиам Лосон и Арвид Линдблад
Вилијамс – Карлос Саинц и Алекс Албон
Ферари – Луис Хамилтон и Шарл Леклер
Хас – Оливер Берман и Рафаел Камара

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фетел отворено за неуспехот во Ферари: „Сите бевме исцрпени“

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, зборуваше...

Бањаја поради „мало крварење во черепот“ нема да вози во Валенсија

Италијанскиот возач Франческо Бањаја нема да вози на последната...

📽️ ЛЕ: Милан по голем пресврт ја освои Пиреја, Борнмут со играч помалку ја шокираше Селта

Милан направи голем пресврт на гостувањето кај Олимпијакос и...

Шкендија Арачиново ги отфрли сомнежите за „местенка“: Не сме добиле никакво известување од ФФМ или УЕФА

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново реагираше по информациите објавени во...