Расел: Не сум во војна со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, стои зад своите коментари за Макс Верстапен по тренингот за Големата награда на Лас Вегас, но призна дека некои од последователните остри коментари на Холанѓанецот ги сметал за „прилично смешни“.

Прегледи:

Датум:

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, стои зад своите коментари за Макс Верстапен по тренингот за Големата награда на Лас Вегас, но призна дека некои од последователните остри коментари на Холанѓанецот ги сметал за „прилично смешни“.

По неговиот триумф на улиците на Лас Вегас, возачот на Ред Бул остро го нападна Расел за време на неговата прес-конференција. Верстапен рече дека Британецот е „далеку под своето ниво“ и додаде дека ударот на возачот на Мерцедес со бариерата во последните кругови „му го разубавил денот“.

Запрашан пред викендот на Големата награда на Катар дали има намера да одговори, Расел рече дека ја сфаќа ситуацијата со хумор со оглед на развојот на настаните. Британецот, сепак, го потврди својот став по инцидентот меѓу нив на третиот слободен тренинг, кога рече дека „некој мора да му се спротивстави на овој човек“ откако беше незадоволен од начинот на кој Верстапен го пресече по престигнувањето.

„Тој имаше феноменална трка и ја освои, па навистина може да си дозволи да каже што сака“, коментираше Расел. „Стојам зад она што го кажав по тренингот, но на крајот тој излезе и ја однесе победата. Јас не успеав и сигурен сум дека тоа навистина го развесели.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фетел отворено за неуспехот во Ферари: „Сите бевме исцрпени“

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, зборуваше...

Бањаја поради „мало крварење во черепот“ нема да вози во Валенсија

Италијанскиот возач Франческо Бањаја нема да вози на последната...

📽️ ЛЕ: Милан по голем пресврт ја освои Пиреја, Борнмут со играч помалку ја шокираше Селта

Милан направи голем пресврт на гостувањето кај Олимпијакос и...

Шкендија Арачиново ги отфрли сомнежите за „местенка“: Не сме добиле никакво известување од ФФМ или УЕФА

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново реагираше по информациите објавени во...