Остин Ривс ги обнови тренинзите со Лејкерси

Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ги обнови тренинзите по повредата што ја заработи пред две недели, но сè уште не е јасно дали ќе учествува во натпреварот во петок против ривалот на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) Сан Антонио Спарс

Прегледи:

Датум:

Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ги обнови тренинзите по повредата што ја заработи пред две недели, но сè уште не е јасно дали ќе учествува во натпреварот во петок против ривалот на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) Сан Антонио Спарс.

Дваесет и осум годишниот Американец, кој ги пропушти последните пет натпревари на „езерџиите“, разговараше со медиумите по тренингот на тимот.

„Чувството повторно да играм кошарка беше убаво. Ќе видиме како ќе се разбудам утре. Сè уште одиме во вистинската насока и се чувствував навистина добро денес“, објасни Ривс, цитиран од ESPN.

Пред повредата, бекот постигнуваше во просек 24,7 поени со 51,3% шут од поле и 40,9% од линијата за три поени, како и 4,7 асистенции по натпревар. Тој објасни дека првично се грижел дека повредата што ја заработи на 11 ноември против Милвоки Бакс е многу посериозна.

„Мислам дека беше едноставно начинот на кој паднав. Беше како да се извиткав во воздух и да слетав на внатрешната страна. Не мислев дека си ја скршив ногата, но сигурно така се чувствував“, рече играчот на Лејкерси.

Во петок, тимот на Џеј Џеј Редик гостува кај Сан Антонио за последниот натпревар во Групата Ц од НБА Купот. Моментално, четири тима во групата имаат биланс од две победи и еден пораз, при што Спарси се на првото место поради нивната подобра кош разлика, додека Лејкерси се на четвртото место.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фетел отворено за неуспехот во Ферари: „Сите бевме исцрпени“

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, зборуваше...

Бањаја поради „мало крварење во черепот“ нема да вози во Валенсија

Италијанскиот возач Франческо Бањаја нема да вози на последната...

📽️ ЛЕ: Милан по голем пресврт ја освои Пиреја, Борнмут со играч помалку ја шокираше Селта

Милан направи голем пресврт на гостувањето кај Олимпијакос и...

Шкендија Арачиново ги отфрли сомнежите за „местенка“: Не сме добиле никакво известување од ФФМ или УЕФА

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново реагираше по информациите објавени во...