Попов без влакна на јазикот: Не жалам што го плукнав Кајл Вокер, ме навредуваше мене и Македонија!

Попов без двоумење признава дека не се кае за својата реакција, објаснувајќи дека до конфликтот дошло откако Вокер, по неколку дуели на теренот, упатил навреди на национална основа кон него и Македонија.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов во интервју за хрватски „Sportnet“ се потсети на дел од најинтересните моменти од својата интернационална кариера, откривајќи и досега помалку познати детали од инцидентот со англискиот репрезентативец Кајл Вокер, поради кој доби суспензија од пет натпревари.

Попов без двоумење признава дека не се кае за својата реакција, објаснувајќи дека до конфликтот дошло откако Вокер, по неколку дуели на теренот, упатил навреди на национална основа кон него и Македонија.

„Третпат го надмудрив, изнудив корнер, а тој почна да ме навредува на национална основа, навредувајќи ме мене и Македонија. Поради тоа го плукнав и добив суспензија од пет натпревари. Не жалам за тоа. Бев темпераментен играч и таков беше мојот карактер“, раскажува Попов.

Македонецот во кариерата имаше можност да се соочи со некои од најголемите имиња во светскиот фудбал. Како најтежок противник го издвојува Герет Бејл, додека со Луис Суарез, според неговите зборови, немал поголеми проблеми.

Посебно место во неговата кариера има настапот во англиската Премиерлига. Во 2012 година, по успешниот период во Динамо Киев, Попов го оствари сонот на голем број фудбалери и се пресели во Вест Бромвич Албион. Интересно, трансферот се реализирал во последниот ден од преодниот рок, откако претходно со украинскиот тим обезбедил пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Пред Англија, Попов остави силен впечаток и во холандски Херенвен, каде што настапуваше заедно со Даниел Прањиќ. Токму таму го освои и Купот на Холандија, постигнувајќи гол во финалето против Твенте, кое заврши 2:2, а победникот беше решен по изведувањето пенали.

Во својата кариера настапуваше и за Беласица, Проодефтики, АЕК Атина, Црвена звезда, Одра Водислав, Егалео, Левадијакос и Динамо Киев.

За македонската репрезентација Попов одигра 46 натпревари, а дресот со националниот грб го носеше цели десет години. Еден од моментите што посебно ги памети е победата над Хрватска во 2007 година, во квалификациски натпревар кој, како што раскажува, останал запаметен и по тешките услови за игра и теренот покриен со кал.

Денес Попов е лиценциран фудбалски менаџер и сопственик на агенција која работи на меѓународниот пазар, продолжувајќи го својот ангажман во фудбалот и по завршувањето на професионалната играчка кариера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Кан огорчен од ситуацијата со Мусијала: „Апсурдно е да се притиска да се откаже од дел од платата“

Поранешниот претседател на УО на Баерн, Оливер Кан, ги...

Организаторите потврдија: Синер нема да игра на Австралија Опен

Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен во...

Флик сруши рекорд на Гвардиола

Tренерот на Барселона, Ханси Флик, постави нов рекорд во...

📽️ Компани по поразот од Лил: Мора да се бориме за да се вратиме во форма

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше првиот...