Окон негира дека се степал со шефот на тимот

Возачот на Хас, Естебан Окон, ги отфрли медиумските извештаи дека нема да се натпреварува на вечерашното Гран При на Мексико во Формула 1 поради физичка пресметка со шефот на тимот, Аја Комацу.

Прегледи:

Датум:

Возачот на Хаас, Естебан Окон, ги отфрли медиумските извештаи дека нема да се натпреварува на вечерашното ГП на Мексико во Формула 1 поради физичка пресметка со шефот на тимот, Аја Комацу.

Триесет-годишниот француски возач во објава на социјалните мрежи изјави дека „разликата во мислењата довела до расправија меѓу вклучените страни“.

„Остро го осудувам насилството во сите негови форми и цврсто верувам дека несогласувањата секогаш треба да се решаваат професионално, со меѓусебно почитување и разбирање. Љубезно ги молам сите да се воздржат од шпекулации додека не се разјасни ситуацијата. Сите дополнителни информации ќе бидат соопштени на јавноста навремено“, рече Окон.

Претходно, францускиот весник „Екип“ објави дека неговиот состанок со Комацу „ненадејно бил прекинат, можеби дури и поради физичка пресметка“.

Одлуката Окон да не учествува во остатокот од тркачкиот викенд во Мексико дојде откако тој имаше несогласување со инженерот за трки, Лаура Милер, околу изборот на гуми за време на втората слободна тренинг сесија во петокот.

Хаас објави дека јапонскиот возач Рио Хиракава ќе го замени Окон.

Тимот и Окон ќе се разделат на крајот од сезоната. Бразилецот Рафаел Камара, член на програмата за развој на возачи на Ферари, ќе вози на негово место следната година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели пред трката во Мексико: Малку сум понервозен од вообичаено

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, има шанса да...

Киву ги критикува своите играчи: Се чувствуваат задоволни затоа што освоиле многу трофеи

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги нападна своите играчи...

Алкараз рутински го победи Де Минор и го освои трофејот во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои турнирот од серијата...

Ако се сеќавате на последното испаѓање на Манчестер Јунајтед, мора да имате околу 60 години

„Мора да продолжиме и да продолжиме да победуваме на...